КОПМАН: ТОПКАТА Е КАЈ СКОПЈЕ Сменете го уставот за Бугарите

Претставникот на Европската комисија вели дека уставните измени се услов содржан во заклучоците на Советот на ЕУ, а не само билатерално барање на Софија.

КОПМАН: ТОПКАТА Е КАЈ СКОПЈЕ Сменете го уставот за Бугарите
Фото: Принтскрин

Уставните измени со кои бугарската заедница треба да биде внесена во Уставот, како и усвојувањето патокази и акциски план за малцинствата, остануваат услови за отворање на првиот кластер во пристапните преговори на Македонија со Европската Унија. Ова го порача претставникот на Европската комисија, Копман.

Тој нагласи дека внесувањето на Бугарите во Уставот не треба да се третира само како билатерално прашање меѓу Скопје и Софија, туку како обврска содржана во заклучоците на Советот на ЕУ.

„Тоа не е само бугарско прашање. Тоа е став на ЕУ. Тоа е дел од заклучоците на Советот“, изјавил Копман.

Покрај уставните измени, Македонија треба да усвои и патокази и акциски план за малцинствата, кои, според него, се наоѓаат во напредна фаза на подготовка. Копман оценил дека Македонија располага со административен капацитет за напредок во европските интеграции. Како пример ги посочил реформите што се спроведуваат во рамките на Планот за раст за Западен Балкан, оценувајќи дека нивната реализација покажува оти институциите можат да одговорат и на сложени задачи.

Тој ја споменал и можноста Македонија и Србија во пакетот за проширување за 2027 година да добијат индикативни патокази за понатамошниот пристапен процес, доколку дотогаш остварат потребен напредок.

„Топката е кај Скопје“, порачал претставникот на Европската комисија, додавајќи дека Комисијата продолжува да разговара со сите засегнати страни, но дека конечната политичка одлука е во рацете на домашните институции.

CATEGORIES
Share This