ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ СТЕ НА СПИСОКОТ ЕВН денеска исклучува струја во три општини
Прекините ќе траат од три до седум часа, зависно од локацијата.

Фото: Национал
Делови од три општини денеска ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија АД.
Прекините во снабдувањето со електрична енергија се поради планирани технички интервенции и зафати на електродистрибутивната мрежа.
Според најавата, без струја ќе останат следните корисници:
-
Општина Петровец: Корисниците на улицата Петровец – отцеп спроти селото Ржаничино 4, од 08:00 до 15:00 часот. Прекинот е поради замена на два столба.
-
Општина Кисела Вода: Корисниците на улиците Христо Татарчев 1, 3, 5, 7 и 11, од 09:00 до 13:00 часот.
-
Општина Сопиште: Корисниците од месноста Под Брег во Горно Соње, од 09:00 до 12:00 часот.
CATEGORIES Македонија

