КИНОТЕКАТА СО Б ОГАТА ОКТОМВРИСКА ПРОГРАМА Јубилеи на култни македонски филмови
Кинотеката во октомври носи јубилеи на култни македонски филмови и ретроспектива на филмската меморија.

Октомвриската програма на Кинотеката на Македонија носи избор на значајни македонски филмови кои годинава одбележуваат јубилеи, како потсетување на делата што ја одбележаа историјата на домашната кинематографија.
Меѓу филмовите се „До победата и неа“ (1966) на Живорад Жика Митровиќ, кој одбележува 60 години, „Македонски дел од пеколот“ и „Црно семе“ (1971) со 55 години, како и „Најдолгиот пат“ (1976) на Бранко Гапо со 50-годишен јубилеј.
На програмата се и „Црвениот коњ“ (1981) и „Среќна нова ’49“ (1986) на Столе Попов, кои одбележуваат 45 и 40 години, „Тетовирање“ (1991) – 35 години, „Самоуништување“ (1996) – 30 години, како и „Прашина“ (2001) на Милчо Манчевски и „Одмазда“ (2001), кои навршуваат по 25 години.
Од поновата продукција ќе бидат прикажани и „Ова не е американски филм“, „Панкот не е мртов“, „Ослободувањето на Скопје“, „Златна петорка“ и „Џган“.
Посебен омаж е посветен на Атанас Ацо Петровски, по повод 25 години од неговата смрт. Ќе бидат прикажани неговите документарни филмови „Велигденски обичаи“, „Галичка свадба“ и „Дервиши“.
Во програмата се и „Солунските атентатори“, „Мирно лето“ и „Како лош сон“, а покрај македонските филмови, октомври носи и Денови на кинескиот филм и програми посветени на швајцарската, француската и германската кинематографија.
Октомвриската програма го поврзува филмското наследство со современото гледање на историјата, општеството и културата, потсетувајќи дека филмовите остануваат значаен дел од колективната меморија.

