КАРНИ ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Канада и Европа мора да го заштитат суверенитетот од големите сили

Канадскиот премиер пред Европскиот парламент повика на посилно партнерство меѓу Отава и Брисел против притисоците од големите сили.

КАРНИ ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Канада и Европа мора да го заштитат суверенитетот од големите сили
Фото: Принтскрин

Канадскиот премиер Марк Карни денеска, во обраќањето пред Европскиот парламент, повика на продлабочување на партнерството меѓу Канада и Европската Унија со цел заеднички да се заштитат суверенитетот и интересите на помалите држави.

Во својот говор во Стразбур, Карни ја критикуваше политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и порача дека Канада нема да дозволи никој да го загрозува нејзиниот суверенитет, објави CBC.

Според канадскиот премиер, актуелните глобални односи наметнуваат потреба од посилна соработка меѓу Канада и Европа, особено во услови кога големите сили вршат притисок врз помалите држави.

„Заедно, Канада и Европската Унија можат да ги зајакнат своите позиции за зачувување на вредностите и заштита на граѓаните“, истакна Карни.

Тој оцени дека поблиското партнерство меѓу Отава и Брисел може да придонесе за поголема отпорност и заштита на заедничките демократски и економски интереси.

CATEGORIES
Share This