ИЗВИКАЛ АЛАХУ АКБАР И ТРГНАЛ СО НОЖЕВИ Драма пред израелската амбасада во Белград, напаѓачот убиен

Полицаецот бил погоден со нож во лицето, по што употребил службено оружје. Обвинителството ги истражува околностите на инцидентот.

ИЗВИКАЛ АЛАХУ АКБАР И ТРГНАЛ СО НОЖЕВИ Драма пред израелската амбасада во Белград, напаѓачот убиен
Фото: Принтскрин

Вистинска драма се одвивала синоќа, околу 00:15 часот, пред Амбасадата на Израел во Белград, кога непознато лице вооружено со два ножа нападнало припадник на белградската жандармерија кој бил задолжен за обезбедување на дипломатскиот објект.

Според соопштението на Вишото јавно обвинителство во Белград, напаѓачот бил облечен во црно и се приближил до безбедносната куќарка во која се наоѓал полицаецот Д.С.

Откако ја отворил вратата, непознатото лице тргнало кон полицаецот со два ножа во рацете, извикувајќи „Алаху акбар“.

Како што информира Обвинителството, напаѓачот во еден момент фрлил нож кон припадникот на жандармеријата, погодувајќи го во левиот образ.

Полицаецот веднаш реагирал, го извадил службениот пиштол и испукал неколку куршуми кон напаѓачот, кој починал на самото место.

На повредениот полицаец му била констатирана посекотина на левиот образ.

Дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград презел истражни дејствија за утврдување на сите околности под кои се случил инцидентот.

Засега, според објавеното соопштение, идентитетот на напаѓачот не е соопштен, ниту се наведени конечни заклучоци за мотивите на нападот.

CATEGORIES
Share This