ГЕРМАНЦИТЕ ШТЕДАТ РЕЧИСИ19% ОД ПРИХОДИТЕ Само Швајцарците се пред нив во Европа

Додека просекот во ЕУ изнесува 14,3 отсто, германските домаќинства издвојуваат 18,9 проценти од расположливиот доход.

ГЕРМАНЦИТЕ ШТЕДАТ РЕЧИСИ19% ОД ПРИХОДИТЕ Само Швајцарците се пред нив во Европа
Фото: Принтскрин

Германските домаќинства и минатата година задржале висока стапка на штедење, издвојувајќи 18,9 отсто од расположливиот доход, значително над просекот на Европската Унија од 14,3 проценти, покажуваат податоците на германскиот Завод за статистика.

Во Европа, повисока стапка има само Швајцарија, со 27,4 проценти. Најмалку во ЕУ штедат Италијанците, со 10,8 проценти, додека во САД стапката изнесува 10,7 проценти.

Според статистичарите, стапката на бруто-штедење ги опфаќа средствата вложени на штедни сметки, на берзата и во професионалните пензиски шеми.

Иако Германците и понатаму издвојуваат значителен дел од приходите за иднината, штедењето бележи благо намалување. Во 2024 година стапката изнесувала 19,6 проценти, а во 2025 година паднала на 18,9 проценти. Истиот процент е забележан и во првата половина на 2026 година.

Највисокото ниво било регистрирано во 2020 година, за време на пандемијата на коронавирусот, кога стапката на штедење достигнала 22,9 проценти, меѓу другото поради ограничените можности за патувања и други трошоци за слободно време.

CATEGORIES
Share This