ИСТОРИСКИ ПРЕСВРТ ВО АРАПСКИОТ СВЕТ Либан ја укина смртната казна
Парламентот со мнозинство гласови ја укина најстрогата казна, која повеќе од две децении не беше извршувана.

Либан денес направи историски чекор, откако парламентот изгласа целосно укинување на смртната казна, со што земјата стана првата во арапскиот свет што ја отстрани оваа казна од својот правен систем. Според државната агенција NNA, либанските пратеници одлучиле смртната казна да биде заменета со доживотен затвор со тешка принудна работа.
Од вкупно 128 пратеници, мнозинството го поддржа предлогот, додека против се изјасни парламентарниот блок на Хезболах. Пред пратениците, министерот за правда Адел Насар ја опиша одлуката како „историски чекор“ за Либан и важна промена во казненото законодавство.
Иако смртната казна досега беше дел од либанскиот закон, земјата практично не спроведува егзекуции од јануари 2004 година. Во изминатите повеќе од две децении биле изрекувани смртни пресуди, но тие подоцна биле суспендирани или преиначувани.
Со денешната парламентарна одлука, Либан формално го прекинува и тој статус на неизвесност и ја укинува смртната казна како најстрога можна санкција.

