ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ВО ПЈОНГЈАНГ Си Џинпинг и Ким Џонг Ун на заедничка мисија

Фото: Принтскрин
Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши дводневната државна посета на Северна Кореја, при што оддаде почит на загинатите кинески војници и посети партиско училиште за кадри на владејачката структура.
Тој, заедно со сопругата Пенг Лијуан, и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун со сопругата Ри Сол Џу, положија почит на кинеските „волонтери“ загинати во Корејската војна кај Кулата на пријателството во Пјонгјанг, јави NK News.
За време на посетата беше нагласено дека заедничката борба меѓу Кина и Северна Кореја во Корејската војна останува важно историско наследство што ги поврзува двете држави.
CATEGORIES Свет


