ИРАН ВОЗВРАЌА ЖЕСТОКО НА ЕДИ РАМА Смешни обвинувања за хибридна војна

Протестите во Албанија се шират и во дијаспората низ САД и Европа.

ИРАН ВОЗВРАЌА ЖЕСТОКО НА ЕДИ РАМА Смешни обвинувања за хибридна војна
Фото: Принтскрин

Иран ги отфрли обвинувањата на албанскиот премиер Еди Рама дека Техеран стои зад кампањи за дезинформации поврзани со деветдневните протести во земјата.

Рама во интервју за „Политико“ во Брисел изјави дека Иран учествува во „хибридна војна“ преку ширење дезинформации поврзани со проектот и протестите, тврдења што иранските власти категорично ги негираат.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеи, ги оцени ваквите наводи како „смешни обвинувања“, додавајќи дека албанските власти со нив се обидуваат да го одвлечат вниманието од барањата на граѓаните.

Тој се осврна и на името на протестот „револуција на фламинго“, нагласувајќи дека обвинувањата за иранско влијание се изнесени без докази и имаат политичка позадина.

Протестите во Албанија се проширија и во дијаспората, вклучувајќи собири во САД, Канада и повеќе европски земји, а се поврзуваат со контроверзниот инвестициски проект вреден 1,4 милијарди долари, поврзан со фирма што има деловни врски со семејството на Џаред Кушнер.

Граѓаните бараат стопирање на проектот, измени во законите за стратешки инвестиции и поголема заштита на животната средина, како и политичка одговорност од владата.

Европската комисија, пак, предупреди дека Албанија не смее да го загрози својот евроинтеграциски процес, особено во делот на еколошките стандарди и законодавните измени поврзани со стратешките инвестиции.

CATEGORIES
Share This