ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ ЈА СМЕНИ ИГРАТА Нафтата поевтини, еве што се случува на пазарите

Зголемениот сообраќај на танкери низ Хормускиот теснец и сигналите за напредок во преговорите меѓу САД и Иран го намалија стравот од нарушување на снабдувањето.

ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ ЈА СМЕНИ ИГРАТА Нафтата поевтини, еве што се случува на пазарите
Фото: Принтскрин

Цените на нафтата на светските берзи денеска забележаа пад и се спуштија на најниско ниво од крајот на февруари.

Меѓународниот репер „Брент“ се тргуваше по цена од 72,56 долари за барел, додека американската нафта WTI достигна 69,48 долари за барел.

Падот на цените доаѓа по зголемениот интензитет на сообраќајот на танкери низ Хормускиот теснец и сигналите за напредок во преговорите меѓу САД и Иран, што придонесе за намалување на загриженоста околу можни нарушувања во глобалното снабдување со енергенси.

Според анализите на „Трејдинг економикс“, подобрените изгледи за стабилност на пазарот ги ублажија стравувањата кај инвеститорите и извршија притисок врз цените на нафтата.

CATEGORIES
Share This