ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ На Табановце, Богородица и Дојран се чека по еден час

АМСМ предупредува на внимателно возење поради можност од одрони на неколку делници.

ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ На Табановце, Богородица и Дојран се чека по еден час
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а коловозите се суви. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.

Поради зголемената фреквенција на возила, на дел од граничните премини има подолги задржувања.

Задржувања на граничните премини

  • Табановце – за влез во државата се чека околу 1 час;
  • Богородица – за излез од државата се чека околу 1 час;
  • Дојран – за излез од државата се чека околу 1 час.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ со апел за внимателно возење

АМСМ препорачува возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Особено внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.

Поголема внимателност е потребна на делниците:

  • Катланово – Велес
  • Маврово – Дебар – Струга
  • Виница – Берово
  • Кочани – Делчево

Охрид – Ресен преку Галичица отворен

Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална дозволена тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This