УКРАИНСКИ ДИПЛОМАТ ШОКИРАШЕ ВО САЛАТА Побара Русија да биде исфрлена од Обединетите нации
Обвинувања за кршење на резолуциите на Генералното собрание.

Постојаниот претставник на Украина во Обединетите нации, Андриј Мелник, на седница на Советот за безбедност побара Русија да биде исклучена од мировните операции на ОН, па дури и оцени дека е можно да дојде момент кога Москва би требало да размисли за напуштање на организацијата.
Тој наведе дека Русија ги оспорува резолуциите на Генералното собрание на ОН, особено оние поврзани со повлекување на нејзините сили од Украина, како и извештаите на меѓународните тела. Според него, доколку Москва не ги почитува одлуките и документите на ОН, тогаш „можеби е време да се разгледа нејзиното членство во организацијата“.
Мелник оцени дека руските претставници со своите настапи постојано ги негираат наодите на ОН, што, како што рече, ја поткопува работата на организацијата. Тој нагласи и дека персонал поврзан со вакви листи и наводи за злоупотреби не треба да учествува во мировни мисии под знамето на ОН.
Украинскиот дипломат повика и на значително засилување на воената поддршка за Украина, особено во областа на воздушната одбрана, наведувајќи дека заштитата на цивилите бара итно зголемување на капацитетите за пресретнување на ракети и беспилотни летала.
Тој упати повик до земјите членки на ОН да преминат од поединечни мерки кон координирани и поостри санкции против рускиот воено-индустриски комплекс, за кој рече дека продолжува да произведува вооружување што се користи во нападите врз цивилни цели.
Мелник исто така истакна дека Украина предложила директни разговори на лидерско ниво на неутрална територија, но дека од руската страна, како што рече, не добила позитивен одговор.
Седницата на Советот за безбедност беше свикана на барање на Украина по неодамнешните руски напади.


