ГО СУДЕШЕ ФИНАЛЕТО НА СП, ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД ИНФАНТИНО И ТРАМП А потоа се повлече
Славко Винчиќ стави крај на долгата и успешна судиска кариера, но зад себе остава и еден контроверзен случај кој со години го следеше во јавноста.

Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ замина во пензија, ставајќи крај на долгата и успешна кариера. Најголемата чест во неговата судиска кариера ја доживеа со делегирањето за финалето на Светското првенство, во кое Шпанија по продолженија ја совлада Аргентина со 1:0.
Набргу по големото финале, Винчиќ одлучи да го остави судењето. Информацијата ја потврди Фудбалскиот сојуз на Словенија, кој му посака многу успех и среќа во новото поглавје од животот.
По натпреварот, Винчиќ и неговите помошници добија признанија од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и американскиот претседател Доналд Трамп.
Сепак, неговото судење во финалето предизвика бројни реакции. Најмногу се коментираше одлуката да не му покаже црвен картон на Леандро Паредес, иако според дел од анализите аргентинскиот фудбалер во неколку наврати бил на граница на исклучување. Од друга страна, Винчиќ со право го исклучи Енцо Фернандез и го поништи голот на Шпанија во првото продолжение. На крајот, „Црвената фурија“ стигна до победничкиот гол преку Феран Торес и ја освои светската титула.
Иако зад себе има богата судиска кариера, Винчиќ во јавноста беше познат и по еден контроверзен настан од 2020 година. Тогаш тој беше приведен за време на полициска акција на приватна прослава во близина на Бијелина, каде што се најде и српската старлета Тијана Ајфон.
Винчиќ подоцна објасни дека на настанот бил поканет по деловен состанок и дека не ги познавал луѓето кои биле присутни.
„По состанокот со деловните партнери, бевме поканети на еден ранч на прослава и ја прифативме поканата. Таму имаше околу четириесет луѓе, а јас речиси никого од нив не познавав. Тоа се покажа како најголемата грешка во мојот живот. По полициската рација, бевме одведени на информативен разговор. Објаснив дека не ги познавам тие луѓе, по што ми дозволија да се вратам дома во Словенија“, изјави тогаш Винчиќ.
https://nacionalno.mk/od-policiska-raci-a-do-finale-na-mundi-al-nevero-atnata-prikazna-za-slavko-vinchi-ko-e-zaraboti-60-000-dolari-za-finaleto/


