ГО ПОГОДИЛЕ СО ШИШЕ ВО ГЛАВА, ПА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Драма во Фенербахче по мечот со Рома

Исмаил Картал порача дека заминува од клупата, но претседателот на клубот не се согласува со неговата одлука.

ГО ПОГОДИЛЕ СО ШИШЕ ВО ГЛАВА, ПА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Драма во Фенербахче по мечот со Рома
Фото: Принтскрин

Неочекуван пресврт во Фенербахче по ремито 1:1 против Рома во Лигата на шампионите. Тренерот Исмаил Картал по натпреварот објави дека поднесува оставка, но претседателот на клубот Азиз Јилдирим веднаш реагираше и порача дека искусниот стратег останува на функцијата. Картал, кој има 65 години, оставката ја соопшти на прес-конференцијата по натпреварот, нагласувајќи дека донел одлука да не се враќа на клупата на Фенербахче.

Ова е негов четврти мандат како тренер на клубот, откако на функцијата се врати во јули. Под негово водство Фенербахче оствари значаен успех и обезбеди пласман во главната фаза од Лигата на шампионите. Сепак, стартот во домашното првенство не е идеален. По четири одиграни натпревари, Фенербахче има две победи, а претрпе и пораз од градскиот ривал Бешикташ.

Навивачи го погодиле Картал со шише

Претседателот Јилдирим откри дека причината за реакцијата на Картал е инцидентот за време на натпреварот со Рома. Според него, дел од навивачите фрлале шишиња кон тренерот, при што едно од нив го погодило Картал во главата. Јилдирим потоа разговарал со тренерот и му порачал дека, како негов претпоставен, очекува тој да продолжи со работата.

„Разговарав со него и му кажав дека треба да продолжи. Тој е наш тренер“, порача претседателот на Фенербахче.

Конечната разврска околу иднината на Картал се очекува во текот на денот, кога треба да биде познато дали неговата оставка ќе биде прифатена или ќе остане на клупата на турскиот гигант.

CATEGORIES
Share This