ВУЧИЌ НАЈАВИ ОСТАВКА На 25 или 26 септември си заминува од функцијата
Српскиот претседател откри што ќе прави потоа: „Ќе одам на кампања како обичен граѓанин“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека веднаш по враќањето од Њујорк, на 25 или 26 септември, ќе поднесе оставка од претседателската функција.
Тој рече дека потоа ќе ја започне изборната кампања како „обичен граѓанин“, бидејќи сака да биде првиот претседател кој ќе го направи тоа.
„Веднаш по враќањето од Њујорк ќе поднесам оставка. Потоа ќе одам на кампања како обичен граѓанин“, изјави Вучиќ.
Говорејќи за состојбата во регионот, тој најави дека на Генералното собрание на ОН ќе зборува за важноста од зачувување на мирот и стабилноста на Балканот.
Во исто време, Вучиќ презентираше повеќе економски мерки. Од 1 декември пензиите ќе се зголемат за 7,5 проценти, платите во јавниот сектор за 8 проценти, а вработените во социјалната заштита ќе добијат зголемување од 12 проценти.
Од 1 јануари 2027 година минималната плата ќе биде 600 евра, најави тој.
Вучиќ исто така соопшти дека нема да има поскапување на дизелот и бензинот, иако цената на нафтата достигнала 108 долари за барел. Државата ќе се откаже од 25 проценти од својот удел во акцизата.
Според Вучиќ, Србија има историски најниска невработеност од 7,2 проценти, а следната година очекува земјата да биде прва во Европа според економскиот раст.
ВУЧИЌ ПРЕСЕЧЕ: СРБИЈА ОДИ НА ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ Еве кога граѓаните ќе гласаат

