НЕ МИ ДАДОВТЕ ДА СПИЈАМ, АМА ГО ПОБЕДИВ ВАШИОТ ТИМ Мурињо ги пецна навивачите на Барселона (видео)

Португалецот не ја пропушти шансата да ги провоцира Каталонците по триумфот на „Кралевите“ од 2:1 на „Камп Ноу“, откривајќи дека навивачите му го нарушиле одморот пред големото дерби.

НЕ МИ ДАДОВТЕ ДА СПИЈАМ, АМА ГО ПОБЕДИВ ВАШИОТ ТИМ Мурињо ги пецна навивачите на Барселона (видео)
Фото: Принтскрин

Реал Мадрид му зададе сериозен удар на големиот ривал Барселона, славејќи со 2:1 на гостински терен во првото „Ел Класико“ годинава. Но, покрај возбудливиот натпревар и победничкиот гол, во центарот на вниманието се најде и Жозе Мурињо, кој по средбата испрати провокативна порака до навивачите на каталонскиот клуб.

„Кралевите“ поведоа во 41. минута со голот на Килијан Мбапе, додека Рафиња го врати натпреварот во неизвесност со израмнувањето по еден час игра. Сепак, Реал успеа да стигне до конечна победа од 2:1, предизвикувајќи големо разочарување кај домашните навивачи.

Додека фудбалерите на Реал ја славеа победата на теренот, Мурињо имаше своја замисла. Португалецот се приближи до клупата на Барселона, застана и молчешкум ги погледна присутните, а потоа со насмевка се повлече. Потег во негов препознатлив стил, кој дополнително ја подгреа атмосферата по дербито.

Но, вистинската провокација следуваше по натпреварот, кога Мурињо откри дека навивачите на Барселона му го нарушиле одморот пред дуелот.

„Оваа победа им ја посветувам на навивачите на Барселона, кои денеска во хотелот не ми дозволија да спијам. Дојдоа пред хотелот и пееја цел ден. Можеби не се наспав, но затоа го победив нивниот тим. Им испраќам голема прегратка“, изјави Мурињо.

Со оваа порака, португалскиот стратег уште еднаш покажа дека за него големите дербија не завршуваат со последниот судиски свиреж. Победата на Реал и неговата провокација им дадоа дополнителна доза на жар на страстите по „Ел Класико“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 433 (@433)

CATEGORIES
Share This