ГЕРМАНИЈА ЈА ЧЕКА РАБОТНИЧКА КРИЗА До 2029 година ќе недостигаат 723.000 квалификувани работници

Недостигот речиси двојно ќе се зголеми во однос на 2025 година, а најпогодени се очекува да бидат продажбата, образованието, социјалната работа, здравството и електроизградбата.

ГЕРМАНИЈА ЈА ЧЕКА РАБОТНИЧКА КРИЗА До 2029 година ќе недостигаат 723.000 квалификувани работници
Фото: Принтскрин

Германија во наредните години би можела да се соочи со сериозен недостиг на квалификувана работна сила. До 2029 година, според најновата анализа на Институтот за германска економија (IW), бројот на непополнети работни места би можел да достигне околу 723.000, што е речиси двојно повеќе од недостигот од околу 370.000 работници регистриран во 2025 година.

Проекциите покажуваат дека најголем проблем ќе има во продажниот сектор, каде што до 2029 година би можеле да останат непополнети околу 39.100 работни места.

Недостигот значително ќе го почувствуваат и грижата за деца и образованието, за кои се предвидува дефицит од околу 29.900 работници. Во областа на социјалната работа и социјалната педагогија би можеле да недостасуваат околу 23.600 квалификувани лица.

На листата на најзагрозени сектори се и здравството и негата, каде што се очекува недостиг од околу 18.700 работници, како и електроизградбата, со проектиран дефицит од 17.400 квалификувани кадри.

Авторот на студијата, Александер Бурштеде, предупредува дека еден од главните фактори за ваквиот тренд е масовното пензионирање на генерациите работници во следните години. Истовремено, на германскиот пазар на труд ќе влегуваат недоволно млади кадри за да ги пополнат испразнетите позиции.

Дополнителен проблем претставува и намалената способност на Германија да привлекува квалификувани работници од странство.

Според Бурштеде, евентуалното економско закрепнување може дополнително да ја зголеми побарувачката за квалификувана работна сила, што би можело уште повеќе да го продлабочи јазот меѓу понудата и побарувачката на работници.

Студијата на IW ги проектира очекуваните движења на германскиот пазар на труд до 2029 година, врз основа на податоците достапни до крајот на 2024 година. Анализата предупредува дека, доколку продолжат актуелните трендови, Германија ја очекува значително влошување на недостигот од квалификувани кадри.

CATEGORIES
Share This