(ФОТО) ДОДЕКА НАРОДОТ СТЕГА РЕМЕН За Заев нема криза, се луксузира на неговата јахта и ни се смее на сите
Фотографии од Халкидики го прикажуваат поранешниот премиер Зоран Заев на јахта за која медиумски извори тврдат дека вреди околу 800.000 евра, предизвикувајќи бројни реакции во јавноста.

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Зоран Заев, повторно е фотографиран на јахта за време на престој во Грција. Фотографиите, направени во туристичкото место Миражио Паљури на Халкидики, до редакцијата на „Нетпрес“ ги испратиле читатели кои престојуваат во регионот.
Според објавата на порталот, повикувајќи се на свои извори, пловилото е во сопственост на Заев.
„Информациите кои стигнаа до Нетпрес велат дека јахтата наводно чини околу 800.000 евра и дека најверојатно е произведена во 2024 година“, наведува медиумот.
Заев и минатото лето беше фотографиран на јахта, тогаш во друштво на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Според медиумските објави, станува збор за истото пловило, што наводно може да се заклучи од ознаките видливи на јахтата.
Поранешниот премиер во последните години ретко се појавува во јавноста и не извршува политичка функција туку се луксузира и ни се смее на сите.
Фотографиите предизвикаа интерес во јавноста.



