ЛЕТОТО УДИРА СО ПОЛНА СИЛА Топлотен бран низ земјава, Скопје меѓу најжешките
УХМР најавува сончево и топло време со температури до 33 степени, а во попладневните часови на одделни места се можни ретки грмежи.

Фото: Национал
Според прогнозата на УХМР, денес (20.06) времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на одделни места се можни ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе се движи од 12 до 33 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
CATEGORIES Македонија


