ЕВРОПА СЕ ПЛАШИ ОД ДОГОВОР ТРАМП-ПУТИН Франција, Германија и Британија коваат свој план за Украина

Париз, Берлин и Лондон не сакаат да бидат изоставени од преговорите за Украина и подготвуваат алтернатива во случај Вашингтон и Москва да постигнат договор без Европа.

ЕВРОПА СЕ ПЛАШИ ОД ДОГОВОР ТРАМП-ПУТИН Франција, Германија и Британија коваат свој план за Украина
Фото: Принтскрин

Франција, Германија и Велика Британија работат на алтернативен план за преговори за ставање крај на војната во Украина, стравувајќи дека Европа би можела да биде изоставена од евентуалните разговори меѓу Вашингтон и Москва, објавува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со процесот.

Според весникот, трите европски сили настојуваат заеднички да обезбедат Европа да има свое место на преговарачката маса и да не биде сведена на улога на набљудувач во процесот за иднината на Украина. Во иницијативата водечка улога имаат Париз и Берлин, додека Лондон пристапува повнимателно, особено поради чувствителноста на односите со американскиот претседател Доналд Трамп.

Европските лидери сметаат дека исходот од војната и идните односи со Русија директно ги засегаат нивните земји. Токму затоа, според изворите на „Њујорк тајмс“, тие не сакаат Вашингтон и Москва да постигнат договор за Украина без учество на европските држави. Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека токму Европа била таа што одбила да преговара со Москва, а не Русија.

Путин неодамна коментираше и за тоа кој би можел да биде посредник или соговорник во евентуалните преговори меѓу Русија и Европа. Тој посочи дека лично би го претпочитал поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, но нагласи дека изборот на европски претставник е работа на самите Европејци.

Според Путин, Европа треба да избере лидер на кого му верува и кој, како што рече, не дал негативни изјави за Русија.

ДОКОЛКУ АМЕРИКА ЈА НАПУШТИ БИТКАТА – Еве го новиот план на ЕУ со две сценарија за Украина

CATEGORIES
TAGS
Share This