ЕВРОПА ГО СЛУША СКОПЈЕ Мицкоски имаше клучни разговори со двајца лидери
Франција и Германија како клучни партнери во евроинтеграциите.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој ја опиша средбата како пријателска и конструктивна, при што се разговарало за состојбите во регионот, прашањата од значење за иднината на граѓаните и европските перспективи. Мицкоски истакна дека Франција е една од клучните земји во Европа и дека е важно да се одржува отворен и директен дијалог со јасно изразени ставови и очекувања.
Како што наведе премиерот, целта е градење пријателски односи, отворање нови можности за соработка и обезбедување поголема поддршка и разбирање. Тој додаде дека земјата продолжува посветено да се движи напред со јасна насока.
Мицкоски имал средба и со германскиот канцелар Фридрих Мерц, на која се размениле ставови за европските перспективи на Западен Балкан, предизвиците со кои се соочуваат државите во регионот и потребата од зајакнување на соработката и интегративните процеси. Според него, ваквите разговори се важни за создавање нови партнерства и зацврстување на односите што се значајни за иднината на регионот.
