ЕУ-САМИТ БЕЗ ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА Дали лидерите на ЕУ не се договорија во Црна Гора?

Можно реформирање на процесот на пристапување кон Европската Унија.

ЕУ-САМИТ БЕЗ ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА Дали лидерите на ЕУ не се договорија во Црна Гора?
Фото: Принтскрин

Од Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува во Тиват, Црна Гора, нема да произлезе заедничка декларација, како што беше случај на претходните самити, објави регионалната телевизија Ен-1, повикувајќи се на дипломатски извори.

„Тиватска декларација нема да има, а причините за тоа засега се непознати“, изјави репортерот на Ен-1.

Според најавите, дискусиите на самитот се насочени кон политиката на проширување на Европската Унија, регионалната стабилност и понатамошната интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Медиумите пренесуваат дека постои француско-германски нон-пејпер, документ кој вчера го објави Ројтерс, а во кој се предлага постепено приклучување на земјите-кандидатки кон Европската Унија, но сè уште останува неизвесно дали тој ќе биде усвоен.

Пред почетокот на самитот, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, одржаа билатерална средба.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, преку објава на социјалната мрежа Икс порача дека е задоволен што ја завршил својата посета на Западен Балкан во Тиват.

Во неделите пред самитот, неколку лидери на ЕУ предложија реформи во процесот на пристапување кон Унијата, со цел да се прилагоди и на кандидатурата на Украина, како и на долгогодишните кандидатури од Западен Балкан.

CATEGORIES
TAGS
Share This