ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА АЛАРМИРА Во Тиват требаше да упатиме порака за единство, а не домашни партиски војни

Од Единствена Македонија оценуваат дека Самитот ЕУ–Западен Балкан бил пропуштена можност за демонстрација на национално единство.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА АЛАРМИРА Во Тиват требаше да упатиме порака за единство, а не домашни партиски војни
Фото: Единствена Македонија

Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој денес се одржува во Тиват, Црна Гора, претставуваше можност Македонија да испрати силна порака за национално единство и политичка зрелост пред европските партнери и лидери од регионот.

За жал, наместо заеднички настап во одбрана на македонските национални интереси, сведоци сме дека СДСМ и овој значаен настан го користи за дневнополитички пресметки со ВМРО-ДПМНЕ. Таквиот пристап не придонесува за зајакнување на позициите на државата, туку прави штета на Македонија, но и на самата партија СДСМ.

Судбината на Македонија и Македонците не е прашање на политички пресметки туку прашање од национален интерес кое треба да се брани до крај и по секоја цена.

Лидерите собрани во Тиват требаше да слушнат порака за единство и сплотеност од Македонија кое нешто е најсилната брана против секоја внатрешна и надворешна закана со кои се соочува државата.

Единствена Македонија со жалење констатира дека продолжува политиката на меѓусебно непријателство и конфронтација меѓу двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Наместо продлабочување на поделбите, на Македонија ѝ е потребен минимум национален консензус за државни и национални прашања.

Само со единство, заемно почитување и заедничка грижа за иднината на државата може успешно да се заштитат интересите на Македонија и на сите нејзини граѓани.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА БАРА НАЦИОНАЛЕН ДОКУМЕНТ Ќе има ли крај на поделбите?

CATEGORIES
Share This