ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА БАРА НАЦИОНАЛЕН ДОКУМЕНТ Ќе има ли крај на поделбите?

Се повикува на итно национално единство околу клучните прашања и отстапување од нив треба да се смета за национално предавство.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА БАРА НАЦИОНАЛЕН ДОКУМЕНТ Ќе има ли крај на поделбите?
Фото: Единствена Македонија

Единствена Макеоднија со жалење констатира дека продолжува, како што велат, погубната политика на непријателство меѓу водечките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по најновата посета на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

Партијата смета дека наместо меѓусебни обвинувања е потребно домашно единство по прашањата поврзани со националниот карактер и интересите на Македонците. За сите други теми, како што наведуваат, може да се расправа на избори.

Единствена Македонија апелира до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да иницираат усвојување на национален документ, подржана од сите политички партии во државата, во кој ќе бидат утврдени неколку клучни точки од национален интерес, за кои не би се водела политичка расправа. Отстапувањето од овие точки, според нив, треба да се смета за национално предавство.

Партијата додава дека, како политички субјект кој се залага за одбрана на македонските национални интереси, постојано ги става државните приоритети пред личните и партиските интереси, сметајќи дека Републиката треба да биде на прво место.

„Во моменти на сериозни предизвици, потребна е сплотеност и единство. Ова не е битка на поединци и лидери, туку борба за државата и опстанок на народот“ – се наведува во реакцијата.

Партијата заклучува дека доколку државата се соочи со пропаст, последиците ќе ги почувствуваат сите граѓани, порачувајќи дека единството е клучно за одбрана на националните и државните интереси.

CATEGORIES
Share This