ЌЕ СЕ УКИНЕ ЛИ ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ Велковски открива што ќе се случи со вашите пари

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски уверува дека заштедените средства се загарантирани со закон и Устав и не можат да им бидат одземени на осигурениците.

ЌЕ СЕ УКИНЕ ЛИ ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ Велковски открива што ќе се случи со вашите пари
Фото: Принтскрин

Заштедените средства во Вториот пензиски столб се загарантирани и им припаѓаат на осигурениците, без оглед на тоа какви промени би се направиле во пензискиот систем. Ова го уверува министерот за социјална политика Ѓоко Велковски, кој вели дека граѓаните не треба да стравуваат дека би можеле да ги загубат своите заштедени средства.

На прашањето што би се случило со парите доколку во иднина се спојат Првиот и Вториот пензиски столб, Велковски посочува дека средствата што досега се издвојувале за пензиско осигурување остануваат сопственост на осигурениците.

„Ова што е штедено, секој од нас што штедел, што и да се случи, парите се негови. Тие се загарантирани и со закон и со Устав. Граѓаните не треба да имаат дилема дека тие пари се нивни и дека се заштедени“, вели Велковски.

Тој категорично ги отфрла стравувањата дека средствата од Вториот столб би можеле едноставно да бидат префрлени во Првиот столб и со тоа осигурениците да ги загубат своите заштеди.

„Не, тоа не може да се случи, бидејќи тие се нивни заштедени средства“, нагласува министерот.

Во однос на старосната граница за пензионирање, Велковски вели дека во моментов државата не размислува за нејзино зголемување. Сепак, според него, лицата кои се стручни, способни и имаат желба да продолжат со работа и по достигнувањето на старосната граница, ќе можат да го сторат тоа.

CATEGORIES
Share This