ДВЕ ТЕГЛИ ГО ИЗДАДОА Скопјанец лишен од слобода на Партизанска
Кај Д.П. биле пронајдени 25 пакувања марихуана и дигитална вага со остатоци од дрогата.

Скопјанец е лишен од слобода откако полицијата кај него пронашла 25 пакувања марихуана и дигитална вага со остатоци од дрогата.
Како што информира МВР, во периодот од 4 до 5 август, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, извршиле преглед на три лица на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
При прегледот, кај Д.П. биле пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Д.П. бил лишен од слобода и спроведен во Полициската станица „Ѓорче Петров“, каде што по насоки на јавен обвинител бил задржан за понатамошна постапка.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

