ДВЕ ИЗМАМИ ВО ЕДЕН ДЕН „Црна магија“ однела 18.000 евра, за куќа измамен за 338.250 денари

Едниот бил измамен со приказна за „црна магија“, другиот дал пари за куќа која не била изградена.

ДВЕ ИЗМАМИ ВО ЕДЕН ДЕН „Црна магија“ однела 18.000 евра, за куќа измамен за 338.250 денари
Фото: Принтскрин

Шокантен случај на измама е пријавен во Кочанско. Шеесет и шестгодишен жител на кочанско село пријавил дека неколку лица го измамиле за 18.000 евра, откако го убедиле дека во неговиот дом има „црна магија“.

Според пријавеното, на 24 септември околу 23 часот лицата дошле во неговиот дом и со лажни тврдења го довеле во заблуда. Тие му кажале дека во куќата има црна магија и дека за да ја отстранат, треба да им ги даде сите пари што ги има.

Верувајќи им, 66-годишникот им ги предал 18.000 евра, по што тие го напуштиле домот. Откако заминале, сфатил дека бил измамен и случајот го пријавил во ОВР Кочани.

Од СВР Штип информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Измама и во Скопско – дал 338.250 денари за изградба на куќа

Друг случај на измама е пријавен и во Скопје.

На 23 септември во 11:40 часот, 46-годишен маж од скопско пријавил дека бил измамен од Б.Р. од село Горна Матка за сума од 338.250 денари.

Според пријавеното, во декември 2025 година двајцата направиле усмен договор Б.Р. да му изгради куќа за определен паричен надомест. Откако му дал дел од договорените средства, оштетениот не можел да стапи во контакт со него, по што сфатил дека бил измамен.

И во овој случај се преземаат мерки за расчистување на настанот.

CATEGORIES
Share This