ДОАЃА ПРОМЕНА – Дожд и засилен ветер ќе го расипат денот

Нестабилноста ќе биде локална, но на места може да донесе пообилни дождови.

ДОАЃА ПРОМЕНА – Дожд и засилен ветер ќе го расипат денот
Фото: Национал

Денеска (21.04.) времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и температура во интервал од 4 до 17 степени – информнираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

CATEGORIES
Share This