ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

Политички преглед на денот, вторник, 01 септември 2026 година.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Фото: Национал

Политички преглед на денот, вторник 01 септември 2026 година. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на линија на Кина, против САД

Опозициската СДС на иста линија како и Кина, против Соединетите Американски Држави. Хистеријата којашто изминатиот период СДС ја шири против евентуалната изградба на дата центри, е на иста линија со Кина и против технолошки најразвиената држава во светот и наш стратешки партнер, САД.

Во изминатиот период, слично како кај нас што прави СДС, и во САД, главно преку социјалните мрежи, се креира јавно мислење кое американскиот народ треба да го сврти против изградба на дата центри. Неколку медиуми во Америка известуваат дека ваквото спротивставување против дата центри е организирано од Кина преку голем број профили од кинеска фарма за ботови кои на социјалните мрежи се обидуваат тивко да влијаат врз Американците.

Тезите во објавите на овие ботови, се слични како и тие кои ги користи и СДС, дека вештачката интелигенција, односно изградбата на дата центрите го оптоварува електроенергетскиот систем, ги зголемува сметките за струја, а поединци ќе се богателе на сметка на јавниот интерес. Според пишувањата во американските медиуми, Кина тоа го право со намера на влијае врз својот најголем конкурент, затоа што моментално со САД се во трка да ги изградат најсовремените дата центри и најнапредни системи за вештачка интелигенција во светот.

И од ова гледна точка, делувањето на Кина преку ботови на социјалните мрежи да влијаат врз Американците да се спротивстават на изградбата на дата центри за вештачка интелигенција, до некаде е разбирливо. Но, прашањето е што ги тера СДС и кој е нивниот интерес да бидат на иста линија со Кина и да се стават во функција против Америка, да шират хистерија, страв и паника во јавноста со единствена цел, граѓаните да ги свртат против можноста во државата да се градат центри за податоци кои кај нас би дошле како странска директна инвестиција.

Како ВМРО-ДПМНЕ му порачуваме на СДС дека безуспешни ќе им бидат сите обиди за да го спречат развојот на државата, и да се стават на иста линија и во служба на интереси против нашите стратешки партнери. Иднината на светот е развојот на високата информатичка технологија и Македонија мора да го фати чекорот, за и во ова индустрија да не биде во последните родови, секако со почитување на сите законски прописи кои гарантираат заштита на животната средина, домашните ресурси и државните интереси.

СДСМ: Без оставки од Стоилковиќ и Китановиќ – Мицкоски потврдува дека Младиќ е и негов генерал

Христијан Мицкоски молчи за својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, не смее ниту да го спомене со име, а камоли да побара негова одговорност. Молчи и за Китановиќ. Иван Стоилковиќ навредува пратеници во Собранието и го велича Ратко Младиќ.

Далибор Китановиќ како Директор на Агенцијата за правата на заедниците објавува пофалби за човек кој спроведувал етничко чистење на заедниците. Мирослав Тричковиќ, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазици на заедниците објавува гнасни текстови полни со тешки навреди и говор на омраза против СДСМ и претседателот Венко Филипче.

Тоа е екипата на Стоилковиќ. Тоа е екипата на Мицкоски, а сите заедно се екипата на Вучиќ. Без оставки на Стоилковиќ и Китановиќ значи дека останале на истиот став дека Младиќ е нивен генерал. А со тоа и Мицкоски, како нивен шеф, потврди дека Младиќ е и негов генерал.

Знаеме дека Младиќ е генерал на Вучиќ. Сега знаеме дека е и на Мицкоски.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Муцунски да не ја пропушти историската шанса во Блед

Јавноста е информирана дека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре престојува во Блед, Словенија, каде учествува на форум со министри и претставници на меѓународни организации, посветен на безбедноста, регионалната поврзаност и процесот на европското проширување.

Единствена Македонија посочува дека за Македонија Блед не е само место за дипломатски средби. Блед е историско место од исклучително значење за македонското национално прашање.

Од партијата потсетуваат дека на 1 август 1947 година, на Блед биле склучени т.н. Бледски спогодби меѓу Јосип Броз Тито и Георги Димитров, кои, според партијата, имаат особено значење за Македонија, македонскиот народ и Македонците во Пиринска Македонија.

Единствена Македонија го повикува Муцунски да ги запознае своите меѓународни соговорници со Бледските спогодби и да ја искористи нивната симболика како основа за промовирање на рамноправни и трајни односи меѓу Македонија и Бугарија.

Од партијата предлагаат македонската делегација, со помош на словенечките домаќини, да излобира учесниците да ја посетат просторијата или местото каде што пред 79 години биле договорени спогодбите.

Ова би била силна порака дека Македонија ја почитува својата историја и знае да ги афирмира своите национални интереси пред меѓународната јавност. Блед не е само форум. Блед е историско место, велат од Единствена Македонија.

Партијата смета дека решенијата и духот на Бледската конференција од 1947 година можат да послужат како модел за надминување на македонско-бугарските спорови и за градење трајно пријателство и соработка меѓу двата народа.

Единствена Македонија верува дека македонската делегација ќе ја зграпчи оваа историска шанса. Историјата не треба да се премолчува – таа треба да биде основа за иднината.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

CATEGORIES
Share This