ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

Политички преглед на денот, сабота, 29 август 2026 година.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Фото: Национал

Политички преглед на денот, сабота 29 август 2026 година. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе фатени како соработници и шпиони?

СДС немаат крај во забеганоста и хипокризијата.

Додека други ги обвинуваат за српски свет, странски влијанија, туѓи интереси, токму луѓе на СДС се фатени живи како соработници на српската служба БИА и градоначалници на СДС на големо прават концерти со пејачи на Александар Вучиќ.

Таков е примерот на Виктор Петрушевски кој е поранешен советник на Зоран Заев, човек кој бил дел од најголемите партиски структури и тела на СДС кој е вклучен во последната шпионска афера ако соработник на српската служба.

Од друга страна, зборуваат дека во државата продира српскиот свет, за што велат дека им смета, а паралелно малкуте градоначалници на СДС, како тој во Крива Паланка и Македонска Каменица прават концерти и народни собири со Лепа Брена и Ацо Пејовиќ.

За хипокризијата и лицемерието да бидат поголеми, пратеникот на СДС и поранешен министер, вицепремиер за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски Путерот заедно со градоначалникот на Крива Паланка во првите редови на градскиот плоштад ќе се забавуваат токму со Брена која и пееше на војската на Младиќ.

Па оттука го поставуваме многу логичното прашање, дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе фатени како соработници и шпиони на службите?

И, имајќи предвид како малкуте избрани градоначалници, на СДС во однос на концертите и журките кои ги прават исклучиво само со српски пејачи, односно пејачите на Вучиќ, прашуваме дали преку Венко Филипче, СДС и нивните функционери во државата продира таканаречениот српски свет?

Одговори треба да даде конфузната СДС и Венко Филипче.

СДСМ: Дали Ратко Младиќ е генерал и на Христијан Мицкоски?

Дали Мицкоски се согласува со својот министер Иван Стоилковиќ, кој Радко Младиќ – човек осуден за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото го нарекува „мој генерал“?

Дали е тоа став на Владата на Мицкоски?

Стоилковиќ е министер во Владата на Македонија и затоа неговите јавни ставови бараат одговор од премиерот.

Ако Мицкоски не се согласува со Стоилковиќ, тогаш нека го осуди неговиот став и нека го разреши.

Македонија треба да ги брани европските и демократските вредности, а не во Владата да има министри кои величаат осудени воени злосторници.

Мицкоски нека не се крие зад молк. Нека одговори: Дали Ратко Младиќ е и негов генерал?

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Кандидатот вратен од Стразбур – Единствена Македонија: Комисијата за избор ја бламира државата

Процесот за избор на судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур продолжува да предизвикува сериозни реакции и, според „Единствена Македонија“, дополнително го нарушува угледот на државата на меѓународната сцена.

Од партијата прашуваат како е можно Комисијата за избор на кандидати во една нормална и кредибилна постапка да не може навреме и јасно да утврди дали кандидатите ги исполнуваат условите за судија во Европскиот суд за човекови права.

„За секој здраворазумски човек е чудно како Комисијата не може да утврди дали еден кандидат ги исполнува условите за судија во Стразбур. Комисијата на отворена сцена ја бламира државата, бидејќи предлага кандидат, а потоа од Стразбур кандидатот е вратен со образложение дека не ги исполнувал условите“, велат од „Единствена Македонија“.

Според партијата, ваквиот начин на спроведување на постапката отвора сериозни сомнежи за кредибилноста на целиот процес.

„Комисијата нема капацитет да предложи кандидати – еве, повторно еден кандидат е вратен од Стразбур. Кога една комисија не може да утврди дали еден кандидат ги исполнува условите за судија во Стразбур, што да очекуваме од таква комисија?“, прашуваат од „Единствена Македонија“.

Од партијата оценуваат дека целиот процес станува сериозно проблематичен и сметаат дека најразумно решение би било членовите на Комисијата да поднесат оставки.

Воедно, од „Единствена Македонија“ потсетуваат дека првиот оглас за избор на кандидат беше поништен, при што, како што тврдат, кандидатите не добиле јасно образложение зошто не ги исполнувале условите.

„Сепак, се бира судија во Стразбур. Комисијата да размисли да го поништи огласот и да поднесе оставка за да се заштитат угледот и дигнитетот на изборниот процес“, порачаа од „Единствена Македонија“.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

CATEGORIES
Share This