ПО ЖЕШТИНИТЕ СЛЕДУВА ПРЕСВРТ Попладне дожд, грмежи и можен град

Температурите ќе достигнат до 36 степени, а попладне локално се очекуваат интензивни врнежи, грмежи, силен ветер и појава на град.

ПО ЖЕШТИНИТЕ СЛЕДУВА ПРЕСВРТ Попладне дожд, грмежи и можен град
Фото: Национал

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и температури во интервал од 15 до 36 степени.

Во попладневните часови се очекува зголемување на нестабилноста, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме проследено со силен ветер, обилен пороен дожд, грмежи и град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне и во главниот град се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ветерот ќе биде слаб до умерен и од променлив правец.

CATEGORIES
Share This