ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

Политички преглед на денот, четврток, 30 јули 2026 година.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Фото: Национал

Политички преглед на денот, четврток 30 јули 2026 година. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ: Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Нова енергија и силен кадровски потенцијал. Силно верувам во овие жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство!

Елена Ивановска е избрана за Генерален Секретар на Унијата на жени! Ивановска е долгогодишен член на партијата со богато професионално искуство. Во моментот е државен секретар во Министерството за образование и наука.

Ане Лашкоска и Ленче Нелоска се избрани за потпретседателки на Унијата на жени!

Лашкоска е поранешна пратеничка, а од 2024 година е избрана за заменик министерка за животна средина и просторно планирање.

Нелоска е доктор специјалист по дерматологија со долгогодишно искуство во здравствениот сектор. Во моментот ја извршува функцијата директор на Геронтолошкиот завод во Скопје.

Ана Дурловска, симболот на уметничка извонредност, истакнат македонски оперски уметник со меѓународна кариера и еден од најпрепознатливите културни амбасадори на нашата Македонија.

Мирела Василева е специјалист по дерматовенерологија, раководител на Одделението за дерматовенерологија при Клиничката болница – Штип, доцент на Медицинскиот факултет при УГД и автор на бројни научни трудови.

Ана Шутиновска Лазаревска дипломиран новинар, една од најпрепознатливите комуникациски професионалци во Македонија, чија експертиза во медиумите, јавната комуникација и модерирањето ја прави авторитет и инспирација во својата област.

Љупка Стефановска е етнокореолог, кореограф и насловен доцент на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, автор на научни трудови и книги, со значаен придонес во истражувањето, зачувувањето и промоцијата на македонското фолклорно наследство.

Марија Карапанчева е магистер по развој на човечки ресурси со повеќе од 20 години професионално искуство, а моментално е советник за организациски развој и еднакви можности во Канцеларијата на претседателот на Владата.

Андреа Ѓошевска е дипломиран правник, магистер по казнено право и советник за правни работи во Канцеларијата на претседателот на Владата, со долгогодишно професионално искуство.

Надица Андреева е дипломиран политиколог и советник за комуникации, односи со јавноста и координација на Прес-службата во Кабинетот на претседателот на Владата, со долгогодишно партиско и професионално искуство во политички комуникации и јавност.

Ружица Николовска истакнат застапник на правдата, адвокат и магистер по казнено право, со долгогодишно професионално искуство, лиценциран самостоен адвокат и активен учесник во развојот на правната професија преку едукации и стручни ангажмани.

Даниела Димовска е магистер по право, а во моментот ја извршува функцијата директор на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.

Елена Кочоска е дипломиран економист и експерт за јавни политики и човекови права, со повеќе од 25 години искуство во областа на унапредувањето на правата и инклузијата на лицата со попреченост, како и во креирањето јавни политики на национално и меѓународно ниво.

Ирена Алексиоска Папестиев е специјалист по гинекологија и акушерство, актуелна директорка на ЈЗУ „Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“ и вонреден професор на Медицинскиот факултет при УКИМ, со долгогодишно клиничко и научно искуство.

Маре Богева Мицовска е доктор по правни науки и експерт со повеќе од 22 години професионално искуство во областа на јавните набавки, актуелен директор на Бирото за јавни набавки, со долгогодишно искуство во реформирање и унапредување на системот на јавни набавки.

Наташа Јанушева е дипломиран педагог и магистер по менаџмент на јавен сектор, директорка на детска градинка „Димче Мирчев“ – Велес, со долгогодишно искуство во предучилишното образование и развојот на воспитно-образовниот процес.

Билјана Кузманоска е дипломиран економист – менаџер и пратеничка во Собранието, со професионално искуство во финансиите.

Ивана Лазаревска е дипломиран социјален работник со долгогодишно искуство во социјалната заштита, а во моментот е раководител на АДИССДП ПО Куманово.

Дијана Илиевска е дипломиран професор по одделенска настава и пратеничка во Собранието, со долгогодишно искуство во образованието и локалната самоуправа.

Драгана Арсова е дипломиран правник со положен правосуден испит, со професионално искуство во нотаријатот и јавниот сектор, а моментално е пратеничка во Собранието.

Катерина Димитровска е дипломиран менаџер по човечки ресурси и пратеничка во Собранието, со долгогодишно организациско и политичко искуство.

Анета Марковска Илиевска е дипломиран музичар теоретичар и педагог, магистер по менаџмент на човечки ресурси, член на Советот на Град Скопје.

Даниела Трпеска е дипломиран економист, раководител на Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Гостивар и активна во локалната самоуправа.

Марија Нацева е дипломиран економист и градоначалничка на Општина Неготино, со долгогодишно искуство во финансии, локална самоуправа и јавни политики.

Бети Стаменкоска Трајкоска е дипломиран професор по географија, долгогодишен просветен работник, поранешна пратеничка и актуелна градоначалничка на Општина Кисела Вода.

Наталија Димитриева е дипломиран професор по предучилишно образование и градоначалничка на Општина Демир Капија, со долгогодишно искуство во образованието и управувањето со јавни установи.

СИЛНО ВЕРУВАМ ВО СЕКОЈА ЕДНА! Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на создавање можности за поголемо учество на жените во јавниот и политичкиот живот, поттикнување на лидерството, меѓусебната поддршка и активното вклучување во процесите што придонесуваат за развојот на државата и ВМРО-ДПМНЕ со цел создавање подобар живот за сите граѓани!

СДСМ: Наместо да одговара Мицкоски го награди Фетаи со нова функција

Додека македонските работници имаат најниски плати во Европа, владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, Арбен Фетаи кој не доаѓаше на работа е награден со нова функција. Граѓаните скапо го плаќаа Фетаи додека тој не рабоеше ништо и си објавуваше фотографии како ужива на Тајланд.

И сега наместо одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните, Мицкоски го наградува Фетаи со нова позиција, специјален пратеник во ЕУ, со нови привилегии, платени од граѓаните. Со што ја заслужи Фетаи оваа награда од Мицкоски? Или има нов коалициски дил?

Ова е вистинското лице на Мицкоски, устата му е полна со повици за одговорност а неговите функционери си прават што сакаат. Неработењето и диловите се репер за Мицкоски. Оваа срамна одлука е огледало и на односот на власта кон Европската унија, Македонија останува заглавена во изолација, со неработници, скапо платени од џебот на граѓаните. На крај цената ја плаќаат сите граѓани.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Фетаи ќе ја брани Македонија во Брисел од Бугарија, а  не знае ниту една реченица од македонската историја, целата кариера му е врзана со Косово

Единствена Македонија, како партија чиј основен приоритет е одбраната и заштитата на македонските национални интереси, смета дека е погрешна одлуката на Владата за именување на Арбен Фетаи за специјален претставник на Македонија за Европската Унија во Брисел.

Од партијата посочуваат дека причината за нивната реакција не се однесува на обвинувањата дека како министер не одел на работа а примал плата, туку на, како што велат, недоволниот капацитет на Фетаи да одговори на предизвикот за застапување и заштита на македонските национални интереси во актуелниот политички момент.

„Битката за Македонија и македонските интереси во голема мера се води во Брисел, како главен политички и дипломатски центар на Европа. Токму таму е потребен искусен и подготвен претставник кој ќе може аргументирано да ги брани македонските позиции“, велат од Единствена Македонија.

Од партијата додаваат дека сметаат оти Фетаи нема познавање на македонската историја и дека неговото досегашно професионално искуство е најмногу поврзано со институциите на Косово, поради што, според нив, не е соодветен избор за позицијата во Брисел каде се биде бтиката со бугарската негаторска политика.

„Не спориме дека Владата, согласно коалицискиот договор со албанскиот политички партнер, треба да обезбеди соодветна функција, но доколку веќе се испраќа во дипломатијата, постојат и други дестинации каде би можел да биде ангажиран, на пример, Данска, Норвешка, Швајцарија…

Брисел не смее да биде место за кадровски компромиси, бидејќи таму се води клучната битка за Македонија и Македонците“, наведуваат од партијата.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија

CATEGORIES
Share This