ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА ВО САД Македонија на маса за новиот глобален економски раст
Министерката учествува на состаноците на Светскиот економски форум за инвестиции, енергетика и конкурентност.

Фото: Принтскрин
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), во организација на Светскиот економски форум.
Во рамки на посетата, Димитриеска-Кочоска ќе биде учесник на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“.
Од нејзиниот Кабинет информираат дека на сесијата ќе се разговара за предизвиците и можностите за економски раст во услови на нови глобални економски текови, со акцент на енергетската сигурност, инвестициите, одржливиот развој и конкурентноста.
CATEGORIES Бизнис

