ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ НА ДРЖАВАТА РАСТАТ Еве колку изнесуваат сега
Најголем дел од средствата вложени во хартии од вредност и монетарното злато натаму значаен дел од резервите.

Фото: Национал
Девизните резерви на крајот на април годинава достигнале 5.207 милиони евра.
Според податоците на Народната банка, најголемиот дел од резервите е вложен во хартии од вредност, кои учествуваат со 70,8 проценти. Потоа следува монетарното злато со 16,8 проценти, додека валутите и депозитите сочинуваат 12,3 проценти од вкупните резерви.
За споредба, на крајот од декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесувале 4.925,3 милиони евра.
CATEGORIES Бизнис
