ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО Температурите одат до 33 степени

УХМР најавува претежно сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер.

ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО Температурите одат до 33 степени
Фото: Принтскрин

Времето денеска (14 јуни) ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло, со слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе достигне до 32 степени, атмосферскиот притисок изнесува 978 hPa, влажноста на воздухот е 23 проценти, а брзината на ветерот околу 2 метри во секунда.

CATEGORIES
Share This