СВЕТОТ ГЛЕДА ВО НЕДЕЛА Трамп вели утре потпишуваме договор, Иран со ладен туш, ништо од потпишувањето
Техеран ги демантира најавите за потпишување меморандум, додека Вашингтон тврди дека договорот е на дофат.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека утре се очекува потпишување на Меморандум за разбирање меѓу САД и Иран. Сепак, иранските власти ги отфрлаат ваквите најави и тврдат дека во моментов нема договор за потпишување.
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) оцени дека поставувањето рокови претставува обид за политички притисок врз Техеран и порача дека од таквиот пристап нема да произлезат конкретни резултати.
Претходно, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Бакај, ги демантираше информациите дека евентуален договор ќе биде потпишан во недела.
Од друга страна, пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф изјави дека мировниот договор меѓу САД и Иран би можел да биде финализиран во следните 24 часа и дека се разгледува можноста за негово електронско потпишување.
Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека Иран извојувал победа во конфликтот со САД и нагласи дека земјата е подготвена повторно да одговори доколку Вашингтон се реши за нова воена ескалација.
Американската Централна команда (CENTCOM), пак, соопшти дека нејзините сили собориле повеќе ирански беспилотни летала кои, според нивните тврдења, биле насочени кон комерцијални бродови во Хормутскиот теснец.
САД И ИРАН ПРЕД ИСТОРИСКИ ДОГОВОР Се случува во следните 24 часа


