ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА И ВОДА Проверете дали и вашата населба е на списокот

ЕВН најави планирани прекини на електричната енергија во Гази Баба и Бутел, а ЈП „Водовод и канализација“ ќе санира дефекти поради кои без вода ќе останат делови од Карпош, Центар и Студеничани.

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА И ВОДА Проверете дали и вашата населба е на списокот
Фото: Принтскрин

Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, врз основа на известување од ЕВН Македонија АД, информира дека денеска се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Гази Баба и Бутел.

Според најавата, од 02:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците во Колонија, Идризово и дел од Јурумлери во општина Гази Баба.

Од 08:30 до 12:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат жителите на селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од корисниците во селото Булачани, на подрачјето на општините Бутел и Гази Баба.

Во меѓувреме, од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради дефекти на водоводната мрежа денеска без вода ќе останат повеќе населени места и улици:

  • Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 2 цола на улицата „Ванчо Мицков“ бр. 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе бидат корисниците на улицата „Ванчо Мицков“ во општина Карпош.
  • Поради дефект на водоводна цевка со пречник Ф-80 мм на улицата „Рајко Жинзифов“ бр. 32, од 08:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците на улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“ во општина Центар.
  • Поради дефект на затворач со пречник Ф-100 мм на улица 1, во близина на кружниот тек во селото Морани, од 08:00 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат сите корисници во селото Морани, општина Студеничани.

Надлежните апелираат до граѓаните навреме да ги преземат потребните мерки и да имаат разбирање додека траат интервенциите.

CATEGORIES
Share This