ДЕЛ ОД ЦЕНТАР И ГАЗИ БАБА Прекини во водоснабдувањето и електричната енергија

Поради технички интервенции, без вода ќе бидат корисници на „Димитрие Чуповски“, а без струја дел од жителите на улицата „Радован Ковачевиќ“.

ДЕЛ ОД ЦЕНТАР И ГАЗИ БАБА Прекини во водоснабдувањето и електричната енергија
Фото: Принтскрин

Дел од жителите во централното градско подрачје на Скопје денеска ќе бидат без вода поради интервенција на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот поради замена на вентил на мрежата. Без вода ќе останат корисниците на улицата „Димитрие Чуповски“, на потегот од улицата „Македонија“ до објектот на Министерството за правда, во близина на „Рекорд“.

Од претпријатието информираат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на предвидените работи.

Воедно, од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ќе има и прекин во снабдувањето со електрична енергија кај дел од корисниците на улицата „Радован Ковачевиќ“ во општина Гази Баба.

Според најавата, прекинот на електричната енергија ќе трае од 08:00 до 12:00 часот.

CATEGORIES
Share This