ЦРВЕН АЛАРМ НА КРИПТОПАЗАРОТ Биткоинот и Ethereum повторно паѓаат
Најголемите дигитални средства утрово бележат пад, а Ethereum се најде под уште поголем притисок.

Криптовалутите утрово се тргуваат претежно во негативна зона, при што најголем дел од водечките дигитални средства бележат пад на вредноста.
Биткоинот се тргува по цена од околу 63.663,5 долари, што е намалување од 0,73 отсто. Во изминатите 24 часа со оваа криптовалута е реализиран обем на тргување од околу 45,48 илјади единици.
Поголем пад бележи Ethereum, чија вредност е намалена за 1,34 отсто и изнесува 1.883,58 долари.
Негативниот тренд е присутен и кај останатите позначајни криптовалути. BNB падна за 0,47 отсто, на 611 долари, додека XRP се намали за 1,14 отсто, достигнувајќи 1,0096 долари.
Solana бележи пад од 1 отсто и се тргува по 75,988 долари, а TRON е во минус од 0,92 отсто, со вредност од 0,333782 долари.
Кај стабилните криптовалути нема позначајни промени. Tether бележи минимален пад од 0,03 отсто и се задржува на 0,9992 долари. USD Coin, пак, има симболичен раст од 0,01 отсто, достигнувајќи вредност од 1,0009 долари.

