РОДРИ СЕ СЕЛИ ВО БАРСА Каталонците направија нов чекор кон големиот трансфер

По две одбиени понуди, Барселона испрати трета во вредност од околу 70 милиони евра и останува оптимист дека наскоро ќе постигне договор со Манчестер Сити.

РОДРИ СЕ СЕЛИ ВО БАРСА Каталонците направија нов чекор кон големиот трансфер
Фото: Принтскрин

Откако Манчестер Сити ги одби првите две понуди на Барселона за Родри, во висина од 50 и 60 милиони евра, каталонскиот клуб испратил и трета понуда за шпанскиот репрезентативец.

Според Фабрицио Романо, во моментов се разговара за сума од околу 70 милиони евра, односно понуда која се наоѓа на половина пат меѓу последната понуда на Барселона и барањата на Манчестер Сити. Англискиот клуб за трансферот бара 80 милиони евра. Засега не е потврдено дали понудата од околу 70 милиони евра ги вклучува и бонусите.

Барселона останува уверена дека може да постигне договор со Манчестер Сити, а Романо пренесува дека во каталонскиот клуб владее оптимизам оти преговорите би можеле да завршат позитивно во блиска иднина.

Во меѓувреме, Родри доцна синоќа се вратил во Велика Британија со лет од Мадрид, по завршувањето на одморот, и треба да продолжи со тренинзите со „Граѓаните“. Сепак, неговиот престој на „Етихад“ може да биде краток доколку двата клуба наскоро постигнат договор за трансферот на „Камп Ноу“.

Самиот Родри претходно порача дека ќе остане во Манчестер Сити доколку не пристигне соодветна понуда за него.

Барселона во исто време направи и потег што може да ѝ помогне во финансирањето на трансферот. Каталонците се договориле да го продадат Феран Торес на Пари Сен Жермен за 50 милиони евра, а средствата од овој трансфер практично би можеле веднаш да бидат насочени кон ангажманот на Родри.

ЛУДНИЦА ВО ЛА ЛИГА Барса му го краде големото засилување на Реал Мадрид

CATEGORIES
Share This