КОЈ Е ТУКА ТАЛИБАНЕЦ – ТИЕ ИЛИ НИЕ Зафировски со изненадувачки впечатоци од Сирија: Можеби треба да учиме и од другите, а не само од Европа
Лидерот на Работничката партија по посетата на Дамаск ги спореди Сирија и Македонија: „Немаат платени паркинзи, немаат пајаци, а продавниците и рестораните работат 24 часа!“

По посетата на Сирија, лидерот на Работничката партија, Горан Зафировски, ги сподели своите впечатоци од состојбите во оваа блискоисточна земја, правејќи интересна споредба со Македонија и отворајќи прашања за европските вредности, секојдневното функционирање на државата и односот на граѓаните кон сопствената земја. Во изјавата на Зафировски се вели:
„-Почитувани грагани на Македонија, почитувана работничка класо. Овие денови бев во посета на свои пријатели во Сирија и се заинтересирав за состојбата во која се наога таа пријателска земја. Непосредно ги видов страшните разурнувања предизвикани од 14 годишната граганска војна. Навистина нема ништо пострашно од војна и последиците од неа. А знаете ли што ја предизвика таа војна – диктатура на една партија предводена од еден доживотен диктатор.
Моите тамошни пријатели ме убедуваа дека ниту новата ниту било која наредна власт не смее да си дозволи да владее на недемократски начин. Но мене тоа не ми беше суштината на ова видувања туку главен мотив ми е да направам една споредба со состојбата во нашата држава.
Најпрвин на влегување во Сирија пријателот кој патуваше со мене иако беше со македонски пасош на прашањето како тоа го зборува сирискиот јазик рече дека татко му е сириец и само поради таа изјава беше ослободен од плакање на виза , а визата чини 75 долари. Дури беше прашан зошто нема сириски пасош, и му укажаа дека доколку сака многу брзо ке го добие.
Кај нас не е доволно да си Македонец за да добиеш Македонски пасош и си помислив дека една од нашите заложби ке биде секој кој е Македонец експресно да може да добие македонско државјанство и пасош. Тоа го има во Бугарија, во Албанија, во Сирија и во многу други држави и мора да го има и кај нас.
Престојував во Дамаск главниот град на Сирија и бев одушевен од неговото функционирање. Замислете убав модерен град од 5 милиони без наплата на паркинзи и без пајаци. Дамаск е град кој не спие , лугето се вредни, трчаат и работат.
Во било кое време може да седнете во некој ресторан или кафич или пак да си купите нешто во отворените продавници, работат 24 часа дневно. Се запрашав кој е талибанец, тие или ние. Немаат платени паркинзи, немаат пајаци, работат 24 часа.
Ги посетив и древните градби и се одушевив од нив и од односот на лугето кон нив. Со право се вели дека Сирија е лулка на цивилизацијата. Посетив и цркви и христијаните што живееја таму, луге кои се вистински патриоти и си ја сакаат својата држава.
Но најмногу од се ме одушеви ведрината на лугето и нивниот оптимизам. Се почуствував дури малку посрамен од нивната искреност и гостопримливост и си помислив како би било тоа кај нас. Дали кај нас остана уште искреност и можеме и ние да бидеме така гостоприемливи. И на крај кога се вратив дома сватив дека ние треба да учиме и од другите а не само од Европа. А кои се европските вредности.
Да живее Македонија. Да живее работникот!

