СУДОТ НЕ МУ ПОПУШТИ НА СИНОТ НА МЕТЕ-МАРИТ Мариус Хојби бараше слобода, но судиите стравуваат од едно
Апелацискиот суд ја потврди строгата мерка за Хојби, оценувајќи дека постои преголем ризик од повторно извршување кривични дела.

Норвешкиот Апелациски суд во Боргартинги го одби барањето на Мариус Борг Хојби да му биде заменет сегашниот куќен притвор со поблага форма на надзор, оценувајќи дека и натаму постои висок ризик тој повторно да изврши кривично дело.
Одбраната на Хојби предложила наместо сегашната мерка да биде ослободен со примена на таканаречениот „обратен аларм за заштита од насилство“ – норвешки механизам што овозможува ограничување на движењето и забрана за пристап до одредени подрачја, без класичен затворски режим.
Апелацискиот суд, сепак, не ги прифатил аргументите на неговите адвокати. Судиите заклучиле дека олеснувањето на мерките би претставувало преголем ризик од повторување на кривични дела и ја потврдиле одлуката на понискиот суд.
Мариус Борг Хојби, син на норвешката престолонаследничка Мете-Марит, беше уапсен во февруари, пред почетокот на судењето во кое се соочи со околу 30 точки од обвинението. Во јуни беше осуден на четири години затвор, но пресудата во моментов се разгледува по жалба.
По шестнеделно судење, Хојби беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за силување, како и за напад врз неговата поранешна партнерка Нора Хаукланд, упатување закани и повеќе сообраќајни прекршоци. Во постапката беа изнесени и обвинувања поврзани со насилство, употреба на дрога и сексуално вознемирување.
Хојби ги негираше најсериозните обвиненија, додека призна дел од помалите прекршоци. За време на изрекувањето на пресудата не беше физички присутен во судницата, туку ја следеше постапката преку видео врска.
Случајот се одвива во особено тежок период за неговата мајка, престолонаследничката Мете-Марит. Нејзината здравствена состојба значително се влоши во текот на годината, а неодамна беше подложена и на трансплантација на бели дробови.
ХОИБИ ПРЕД СУД ЗА СИЛУВАЊЕ – Најголем скандал за норвешката монархија

