ЦРНА ГОРА ЈА ПОМЕСТИ ГРАНИЦАТА ЗА ПЕНЗИЈА – Што значи тоа за граѓаните

Измените на Законот за работни односи стапуваат во сила денес, 24 април.

ЦРНА ГОРА ЈА ПОМЕСТИ ГРАНИЦАТА ЗА ПЕНЗИЈА – Што значи тоа за граѓаните
Фото: Принтскрин

Во Црна Гора денес, 24 април, стапуваат во сила измените на Законот за работни односи со кои се враќа старосната граница за пензионирање од 66 на 67 години. Оваа законска промена, која значајно влијае врз пазарот на трудот, веќе предизвика остри реакции и расправии меѓу власта и опозицијата.

Пратеникот на Бошњачката партија и заменик-претседател на парламентот, Мирсад Нурковиќ, изјави дека измените се донесени за да се одговори на барањата на синдикатите и потребите на економијата.

„Со стапувањето во сила на овие измени ќе се зголеми старосната граница за пензионирање од шеесет и шест на шеесет и седум години. Ова, според нас, ќе придонесе за подобро усогласување со барањата на синдикатите и реалните потреби на пазарот на трудот“, истакна Нурковиќ.

Тој додаде дека овој компромис бил клучен за поддршката на законот во парламентот, нагласувајќи дека тој се однесува на компаниите и јавните институции, со исклучок на јавната администрација, и дека во одредена мера ги балансира интересите на работниците и работодавачите.

Според измените, првиот ден на примена на новото законско решение е петок, 24 април, кога официјално се зголемува старосната граница за престанок на работен однос на 67 години, со најмалку 15 години стаж.

CATEGORIES
Share This