БРИТАНИЈА И ЗАДАВА НОВ УДАР НА РУСИЈА Милибанд најави нови санкции и помош за Украина

По рускиот ракетен напад врз станбена зграда во Прилуке, Лондон најавува засилена финансиска, хуманитарна и енергетска поддршка за Киев.

БРИТАНИЈА И ЗАДАВА НОВ УДАР НА РУСИЈА Милибанд најави нови санкции и помош за Украина
Фото: Принтскрин

Велика Британија ќе продолжи да ја зајакнува поддршката за Украина преку нови санкции против Русија, дополнителна хуманитарна помош и поддршка за украинскиот енергетски сектор, изјави британскиот министер за надворешни работи Ед Милибанд за време на посетата на Прилуке, во Черниховската област.

Посетата се случува еден ден откако руска ракета погоди станбена зграда во градот. Милибанд порача дека Лондон сака да покаже оти поддршката за Украина не се сведува само на зборови, туку подразбира конкретна помош.

„Велика Британија е главен сојузник на Украина и дел од нашата улога е да обезбедиме поддршка, без разлика дали станува збор за финансиска помош, санкции, енергетска поддршка или хуманитарна помош“, изјави Милибанд, пренесува „Укринформ“.

Британскиот министер нагласи дека Лондон останува посветен на поддршката за Киев, вклучително и преку мерки насочени кон Русија и помош за справување со последиците од војната.

CATEGORIES
Share This