СÈ ПОМАЛКУ ДЕЦА ВО МАКЕДОНСКИТЕ СЕМЕЈСТВА Речиси две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца

Иако состојбата во Македонија е понеповолна во споредба со минатото, уделот на домаќинствата со деца сè уште е повисок од европскиот просек.

СÈ ПОМАЛКУ ДЕЦА ВО МАКЕДОНСКИТЕ СЕМЕЈСТВА Речиси две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца

Речиси две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца. Според податоците за 2025 година, дури 66,1 отсто од домаќинствата се без деца, додека само 33,9 отсто имаат издржувани деца.

Во земјава има вкупно 595.600 домаќинства, од кои 393.400 се без деца, а 202.200 со деца. Просечниот број деца по домаќинство изнесува 0,60, што е за 25 отсто помалку во споредба со 2015 година, кога изнесувал 0,80.

Иако состојбата во Македонија е понеповолна во споредба со минатото, уделот на домаќинствата со деца сè уште е повисок од европскиот просек. Во Европската Унија само 23,3 отсто од домаќинствата имаат деца, додека 76,6 отсто се без нив.

Податоците укажуваат на постепена промена на семејната структура, со сè поголем број домаќинства без деца и намалување на просечниот број деца во семејствата.

CATEGORIES
Share This