БЕВ ВОЗАЧКА, ПОД АЛКОХОЛ И СО НЕРЕГИСТРИРАНО ВОЗИЛО – МВР приведе 34 лица

Од 31 јули до 3 август полицијата лишила од слобода 34 лица, меѓу кои 23 возеле без возачка дозвола, а деветмина биле под дејство на алкохол.

БЕВ ВОЗАЧКА, ПОД АЛКОХОЛ И СО НЕРЕГИСТРИРАНО ВОЗИЛО – МВР приведе 34 лица
Фото: Принтскрин

Во периодот од 31 јули до 3 август, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 34 лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, информира Министерството за внатрешни работи.

Според податоците на МВР, од вкупно приведените, 23 лица управувале возило без возачка дозвола, додека деветмина биле фатени како возат под дејство на алкохол.

Дополнително, едно лице управувало нерегистрирано возило и без возачка дозвола, а уште едно лице возело без возачка дозвола и под дејство на алкохол.

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството повторно апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.

Одговорното однесување во сообраќајот, како што нагласуваат од МВР, е клучно за поголема безбедност на сите учесници на патиштата.

CATEGORIES
Share This