БАЧЕВ: СИНДИКАТОТ ГО ЗАШТИТИ БОБИ ХРИСТОВ – А што правиме кога Иван Мирчевски крши Устав и изрекува забрани

Бачев ја отвори и другата страна на приказната: Синдикатот бара заштита кога се прекршуваат правата на новинарите, но дали реагира и кога новинари изрекуваат забрани и ги прекршуваат Уставот и законите

БАЧЕВ: СИНДИКАТОТ ГО ЗАШТИТИ БОБИ ХРИСТОВ – А што правиме кога Иван Мирчевски крши Устав и изрекува забрани
Фото: Социјални мрежи

Професорот и претседател на Единствена Македонија Јанко Бачев на својата Фејсбук страница се осврна на реакцијата на Синдикатот на новинарите, кој се пофали со успешна медијација со ТВ Телма во случајот со новинарот Боби Христов, по чие прогласување за технолошки вишок телевизијата ќе треба да му исплати обесштетување.

Притоа, професорот Бачев ја отвори и другата страна на прашањето – што се случува кога самите новинари ги прекршуваат Уставот и законите? Професорот потсетува на случајот со забраната од страна на Иван Мирчевски за негово гостување на Канал 5 ТВ како претседател на политичка партија, оценувајќи дека станува збор за единствен таков случај во демократска Македонија, и прашува дали Синдикатот реагира и кога правата се загрозени од самите новинари.

БАЧЕВ ДО ВРАБОТЕНИТЕ ВО КАНАЛ 5 – Исполнете му ја желбата на Мирчевски, „фрлете“ го во Вардар

CATEGORIES
TAGS
Share This