БАЧЕВ ДО ДИМИТРИЕВСКИ: Го губиш компасот! Наместо да го критикуваш Гаши, кажи зошто ги избриша АСНОМ и Илинден и гласаше за Договорите со Бугарија и Грција

Претседателот на Единствена Македонија го потсетува Димитриевски на неговата улога во СДСМ како член на Ивзршниот одбор и пратеник во периодот 2017–2018 година

БАЧЕВ ДО ДИМИТРИЕВСКИ: Го губиш компасот! Наместо да го критикуваш Гаши, кажи зошто ги избриша АСНОМ и Илинден и гласаше за Договорите со Бугарија и Грција
Фото: Принтскрин

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, реагира на критиките на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, упатени кон собранискиот претседател Африм Гаши поради неговото присуство во Египет за време на големиот македонски празник Илинден. Димитриевски претходно оцени дека отсуството на Гаши од Македонија на 2 Август испраќа погрешна порака, притоа нагласувајќи дека на Илинден нема поважна агенда.

Бачев, пак, смета дека Димитриевски со ваквите изјави се обидува да се претстави како патриот, иако, како што посочува, неговото политичко минато отвора прашања за неговата доследност.

„Очигледно дека Максим го губи компасот. Повторно се обидува со евтин маркетиншки трик да глуми лажен патриот“, наведува Бачев.

Тој потсетува дека Димитриевски во 2017 и 2018 година бил член на Извршниот одбор на СДСМ и пратеник во Собранието, кога беа икзгласани договорите со Бугарија и Грција.

„Денес Максим зборува и ги брани Илинденска и АСНОМска Македонија, а токму тој во 2017 и 2018 година беше член на Извршниот одбор на СДСМ и пратеник во Собранието, каде што гласаше за договорите со Бугарија и Грција со кои се бришат Илинден и АСНОМ. Затоа, ваквите пораки денес неизбежно отвораат прашања за политичката доследност“, вели Бачев.

Според него, клучното прашање не е дали Димитриевски денес ја менува политичката реторика, туку дали граѓаните ги забораваат неговите претходни политички постапки.

Патем, за Гаши и не е толку битно дали бил на Илинден. Припадниците на другите малцинства може да се лојални на државата ама не се баш многу потресени дали Македонија на крај ќе заврши со избришано име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ оти сите тие се поистоветуваат со своите матични држави.

Прашањето е зошто Максим ги избриша АСНОМ и Илинден?

Бачев во реакцијата се осврнува и на ЗНАМ, за која тврди дека е политички проект кој својата позиција ја гради преку учество во власта.

„Општо познато е дека ваквите наменски формирани партии како ЗНАМ или поточно крило на СДСМ можеби во поекстремна форма, опстојуваат само додека се дел од власта. Кога ќе останат без функции или ќе бидат тргнати од власта, најчесто се распаѓаат, а нивните кадри се враќаат во матицата СДСМ, како што сме гледале и други такви партии во минатото“, наведува Бачев.

Тој додава дека, според него, кај ваквите политички проекти доминираат личните амбиции и интересот за функции, наместо идеологијата и политичките принципи. Бачев го критикува Димитриевски и за неговите активности што ги преземаше во пресрет на владината реконструкција, кога, како што тврди, биле организирани трибини со присуство на лица од Куманово.

„Смешни беа тие неколку трибини на Максим во пресрет на владината реконструкција, кога вртеше десетина автобуси од Куманово, каде што е градоначалник, за да глуми посетеност и да покаже наводна големина, вртејќи низ Македонија исти вработени од општината Куманово“, вели Бачев.

На крајот, претседателот на Единствена Македонија го поставува прашањето дали политичките пораки можат да ја избришат политичката историја.

„Прашањето не е дали Максим ја менува приказната. Прашањето е дали народот заборава“, порача Бачев.

CATEGORIES
TAGS
Share This