АВТОМОБИЛ-БОМБА ГО РАЗНЕСЕ БЕНГАЗИ Убиен шефот на воената разузнавачка служба (ВИДЕО)

Генерал-мајор Фавзи Мансури загина во експлозија во Бенгази, а засега нема информации кој стои зад нападот. Властите наредија истрага за околностите и сторителите.

АВТОМОБИЛ-БОМБА ГО РАЗНЕСЕ БЕНГАЗИ Убиен шефот на воената разузнавачка служба (ВИДЕО)
Фото: Принтскрин

Генерал-мајор Фавзи Мансури, кој ја предводеше воената разузнавачка служба во источна Либија, е убиен во експлозија на автомобил-бомба во Бенгази. Засега нема информации кој стои зад нападот.

Експлозијата се случила во областа Ел-Хуари, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа автомобил во пламен. Според локалните профили, станува збор за возилото на Мансури, кое било нападнато во текот на ноќта.

Информацијата за смртта на генералот ја потврдиле и двајца безбедносни извори за „Ројтерс“, кои поради чувствителноста на случајот сакале да останат анонимни. Тие не соопштиле детали за видот на експлозивната направа, ниту посочиле можен мотив или сторител.

Локалните медиуми првично објавија дека автомобил експлодирал во близина на џамијата Сеида Аиша во Бенгази и дека во возилото бил Мансури. Подоцна информацијата за неговото присуство во автомобилот била потврдена.

Властите во источниот дел на Либија го осудија убиството и наредија истрага за целосно расчистување на случајот. Надлежните органи треба да ги утврдат околностите под кои дошло до експлозијата и да ги идентификуваат лицата одговорни за нападот.

Мансури во 2024 година беше поставен на чело на воената разузнавачка служба, а истата година беше унапреден во чин генерал-мајор.

CATEGORIES
Share This