ЈАМАЛ БЕЗ ДИЛЕМА Меси е најголем за мене
Суперѕвездата на Барселона и Шпанија откри кој е најдобриот фудбалер на сите времиња и одговорот бил само еден.

Младата фудбалска ѕвезда Ламин Јамал повторно откри кој е неговиот најголем фудбалски идол.
Кога бил прашан кој е најдобриот фудбалер на сите времиња, асот на Барселона и шпанската репрезентација немал никаква дилема и изборот паднал на аргентинскиот маестро Лионел Меси.
„Меси е најголем за мене. Гледав многу фудбал и никој не ме импресионирал како него. Сè што направил во текот на неговата кариера зборува само за себе“, изјави Јамал.
За младиот Шпанец, кариерата и достигнувањата на Меси се нешто што тешко може да се повтори, а токму аргентинската легенда останува играчот кој најмногу го инспирирал.
Јамал и самиот се смета за еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, а неговите јавни пофалби за Меси уште еднаш покажуваат кој бил неговиот најголем пример во фудбалот.

